acefaceemisija

Стартуваше емисијата Hip Hop Don’t Stop! на Супер радио со DJ Face

Охрид, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва на Супер радио стартуваше емисијата Hip Hop Don’t Stop! со познатиот охридски DJ Face.

Емисијата ќе се емитува секоја среда во терминот од 21:00 до 22:00 часот, а DJ Face секоја недела ќе нуди свежи Hip Hop песни, но и многу други интересно содржини:

– Според предвиденото сценарио, секоја емисија ќе имаме артисти на месецот, ќе слушаме и ретро песни од `90-тите и натаму, мои миксови и секако најсвежите песни од делот на Hip Hop и R`N`B музиката од сите светски топ листи, порачува DJ Face.

Александар Илоски a.k.a DJ Face е еден од најпопуларните Hip Hop и R`N`B Dj-и во државата. Пушта музика во најдобрите клубови и подиуми ширум Република Македонија и неговите забави редовно се едни од најпосетените. Емисијата Hip Hop Don’t Stop! се емитуваше на Супер радио, најслушаната локална радио станица во државата од 2009 година, а вечерва стартуваше по паузата на задоволство на сите слушатели.

Овој новитет во програмската шема на Супер радио е само подготовка за летната сезона за која одговорните велат дека ќе биде една од најбогатите со содржини. Супер радио минатата година прослави 25 години постоење и успешна работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива