denbubrezi2018

8-ми Март – Светски ден на бубрезите

Скопје, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светскиот ден на бубрегот/World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите. Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавно-здравствен проблем.

Светскиот ден на бубрезите и Меѓународниот ден на жената се одбележуваат истиот ден, нудејќи ни можност да размислиме и аплираме за важноста на здравјето на жените и посебно здравјето на бубрезите. На својата 13-та годишнина, Светскиот ден на бубрезите промовира достапен и правичен пристап до здравствено образование, здравствена заштита и превенција за болести на бубрезите за сите жени и девојки во светот.

Во Република Македонија Здружението на бурежно болни граѓани НЕФРОН и Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи МЗНДТВО, во соработка со стручните професионални здруженија на медицински сестри како и учество на одговорни личности и институции од сегментот на здравството, концесионерите на дијализните центри, со подршка на медиумите  традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.

На 8-ми март 2017 година e Светскиот ден на бубрегот и WKD-кампањата е посветена на подигање на глобалната свест за важноста на здравјето на жените, посебно здравјето на бубрезите. ХББ зафаќа околу 195 милиони жени ширум светот и е 8-ма водечка причина за смртност кај жените со годишно околу 600.000 смртни случаи. Ризикот од развој на ХББ е поденаков кај мажите и кај жените, според некои истражувања кај жените може да биде и поголем. Сепак во светски рамки бројот на жени на дијализа е помал од бројот на мажи. Трансплантацијата на бубрег е исто така нееднакво застапена кај двата пола главно поради социјални, културни и психолошки аспекти,па жените почесто ги донираат бубрезите, а имаат помалку шанси да ги добијат.

Според податоците, во Република Македонија има околку 1.600 пациенти со краен стадиум на хронична бубрежна болест , кои се лекуваат со некој од тераписките модалитети: дијализа или транспантација на бубрег. Од нив 1.350 се пациенти на дијализа, а околу 250 лица имаат трансплантиран бубрег. Еден од 10 возрасни имаат некој стадиум на хронична бубрежна болест (ХББ). ХББ има 5 стадиуми. Повеќето луѓе немаат симптоми се додека болеста не напредне. Човекот може да изгуби и до 90% од функцијата на бубрезите без да почувствува значајни симптоми. Токму затоа, ХББ е позната како „тивок убиец“. Навремената дијагноза е клучна. Затоа, од особена важност е да ја подигнеме свесноста кај населението за хроничната бубреѓна болест, навремените и редовни прегледи и избегнување на ризиците може да ја спречат и забават прогресијата на ХББ, чиј краен стадиум бара неопходно лекување со дијализа или транплантација.

Жените за разлика од мажите поради бременоста се изложени на дополнителни ризик фактори за развој на бубрежна болест, преекламсијата, септичкиот абортус и постпарталното крварење се водечки причини за развој на акутна бубрежна слабост кај млади жени. Сепак и кај жените со краен стадиум на бубрежна болест, регуларна дијализа и успешна трансплантација може да ги зголемат шансите за успешна бременост, која треба да биде планирана и следена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива