rakomet topka

Охрид обезбеди место во ракометната плеј-оф лига

Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Охрид е четвртиот тим кој сезонава обезбеди место во плеј-оф лигата, откако го надигра Борец со 33:22.

Овие три бода им беа потребни на нашите ракометари за да можат на крајот да финишираат во групата на екипи кои ќе се натпреваруваат за титулата и за излез во европските купови.

Во текот на целиот натпревар Охрид беше во предност, а Борец немаше сили и рано ја загуби трката за победа. (Крај)

извор: 24ракомет.мк фото: архива