policijaopsta

Кривична за охриѓанец поради закани кон извршителка од Охрид

Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 50-годишниот Т.М. од Охрид.

– Пријавениот подолг период вршел притисок врз лицето Г.Џ. извршител за подрачјето на  Охрид, Струга и Дебар со седиште во Охрид, а во врска со донесени акти од нејзина страна. Тој постојано и` се јавувал и и` праќал пораки со недолична и заканителна содржина. На 15-ти минатиот месец, пријавениот преку овластениот доставувач, на извршителката и упатил сериозни закани со што кај оштетената и другите вработени предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива