ucilnica1

Учениците ќе одработат уште две саботи до крајот на учебната година

Скопје/Охрид, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците до крајот на учебната година ќе одработуваат уште две саботи.

Според одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) објавена во „Службен весник“, до почетокот на летниот распуст, основните и средните училишта ќе држат настава во сабота на 17-ти март со распоред на часови од петок и 14-ти април исто така со распоред од петок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива