donald-trump

Америка воведува царини за увоз на челик и алуминиум

Њујорк, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум.

Новата мерка што ќе стапи во сила по 15 денови, нема да се однесува за Канада и за Мексико.

На прес конференција по потпишувањето на документот, Трамп го оквалификува увозот на челик и алуминиум како „напад врз нашата држава“. Според него, домашното производство е прашање на национална безбедност.

– Ако не сакате да плаќате царини, донесете ги фабриките во САД, изјави американскиот претседател.

Тој исто така побара отстапки од државите од Европската унија укажувајќи дека тие се однесуваат нечесно спрема американските автомобили и се закани дека може да ги зголеми царините за увоз на европски автомобили. (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива