Наместо во март, разговорите од процесот „Жан Моне“ во Охрид ќе се одржат во мај

Охрид, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Одложена е средбата „Жан Моне“ за внатрешен политички дијалог. Пролонгирањето, според европратеникот Иво Вајгл се должи на пречки во организирање на средбата.

Средбите беа закажани за средината на март во Охрид, но како што јавуваат локалните медиуми, проблемите во организирањето ги принуди тројцата европарламентарци и парламентарните партии да најдат алтернативен датум. Иако се уште нема конкретен датум, сепак, се дознава дека средбите ќе се одржат во мај, вклучувајќи го и учеството на членовите на Европскиот Парламент, Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Се очекува на овие средби да учествува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, јави Алсат-М.

Средбите „Жан Моне“ се во насока на постигнување на политички дијалог. Се дознава дека приоритет ќе се даде на промените во Деловникот за работа на Собранието и изготвување на Етичкиот кодекс за пратениците кои се барања на европратениците, Вајгл, Кукан и Флекенштајн. Со исклучок на предлозите на европратениците, парламентарните партии побараа во разговорите да се вклучи и изготвувањето на стратегијата за фискална транспарентност на Собранието, како и буџетска независност на законодавниот дом. Вајгл, Кукан и Флекенштајн за време на нивниот престој во Македонија изразија јасни ставови во однос на мнозинството и опозицијата за потребата од политички дијалог за прашања од државен интерес. (Крај)

извор: Алсат М фото: Алсат М