klinicki centar skopje

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци

Скопје, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата одлучи, Клинички центар ќе се дислоцира – новиот објект ќе се гради населбата Бардовци, во близина на психијатриската болница.

Неколку локации во Бардовци се во игра. Изградбата треба да почне за година и пол, а да заврши за 4-5 години. Одлуката била донесена по консултација со лекарите, архитектите и граѓаните.

– Сосема доволно место за еден голем и модерен клинички центар, сосема доволно место за интегрирани услуги  за модерен објект кој може да дозволи нов тип на услуги, формирање на хибридни операциони сали, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Новиот Клинички центар ќе се гради на површина од 84 хектари и во него покрај големиот објект со сите клиники, предвидено е и Медицински факултет и кампус за студентите на медицина, како и истражувачки центар. Колку пари сега дополнително ќе чини овој проект, заради пеналите што ќе се плаќаат, но и за новиот тендер засега без прецизна пресметка.

– Мислам дека има простор да разговараме и преговараме со менаџментот на банката на Централна Европа, но јас сум убеден дека дури и да ги платиме пеналите ова ќе биде најдоброто и најевтиното решение, вели  Филипче.

Дел од земјиштето во Бардовци каде ќе се гради клинички е државно, а дел е приватно земјиште. Но, градоначалникот на Карпош тврди дека тоа нема да биде пречка, бидејќи според генералниот урбанистички план донесен во 2010 година, кој важи до 2020-та и намената на таа област е за здравство.

 

Дополнително, од општина Карпош велат дека за прашањето колку пари ќе им се плати на сопствениците на парцелите на кои ќе се гради објектот, одговори да бараме во Министерсвото за финансии.

Според, првичните информации клиничкиот центар на старата локација требаше да чини околу 420 милиони евра, но сега нема прецизна информација, за колку пари ќе поскапи целиот проект со смената на локацијата. (Крај)

извор: ТВ24 фото: архива