marko-rojs

Ројс потпиша нов договор со Борусија Дортмунд

Дортмунд, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот репрезентативец Марко Ројс останува верен на Борусија Дортмунд и во наредните години затоа што потпиша договор до 2023 година.

Двете страни се договорија за продолжување на соработката и официјално објавија на клупската страница дека Ројс останува на „Сигнал Идуна Парк“. Ројс изјави дека е задоволен затоа што останува во Дортмунд, а задоволсвото не го криеше и Ханс-Јоаким Вацке, директор на „милионерите“.

Ројс игра во одлична форма и на последните четири меча даде три гола. Во дресот на Дортмунд, Германецот настапува од 2012 година. (Крај)

извор: gol.mk фото: архива