sanacijapat1

Возете внимателно на потегот кон плажите, се санира коловозот (Фото)

Охрид, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на летната сезона, одговорните екипи деновиве вршат санација на патниот правец Охрид-Св. Наум и крпење на ударните дупки кои подолг период наназад претставуваат проблем за возачите.

На овој потег веќе одреден период наназад се отстранува дел од стариот асфалт и се поставува нов, со што овој патен правец ќе биде подготвен да го прими зголемениот број возила кои се очекуваат за време на празниците и престојната сезона.

sanacijapat2Одговорните апелираат на внимателно возење до граѓаните за да не дојде до несакани последици и оштетувања на возилата.

Според најавите, комплетната санација се изведува на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до хотелот „Славија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес