Забава Избор Охрид Спорт

Охриѓанец со уплата од 20 денари освои 80.000 евра во обложувалница

Охрид, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Не се чекаше долго на уште една спектакуларна добивка во спортските обложувалници. По неверојатната добивка на Ване Лесновски од Прилеп, кој заработи 500.000 евра, се случи уште една голема добивка, но овој пат во Охрид.

– Станува збор за 70-годишен играч од Охрид, кој во петокот составил тикет за само 20 денари, а успеал да добие неверојатни 80.000 евра, јави порталот Sport 1.

Охриѓанецот вчера составил тикет од пет типови (полувреме-крај), а се обложил на натпревари од втората холандска лига и го погодил најголемиот коефициент во историјата на обложувалниците Моцарт – 847.000. (Крај)

извор: Sport 1 фото: Sport 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука