vincinimri1

Забава со Тамаро и Винчини во Mr I – „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“ (Фото/Видео)

Охрид, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во престижниот Lounge bar Mr I вечерва се одржа четвртата забава во рамките на проектот „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“ кој трае во Охрид во текот на месеците февруари и март.

vincinimri2 vincinimri3Проектот е креиран од страна на FEEL Produkcija за охридските „Тамаро“ маркети, а основната идеја е охриѓани да испраќаат видеа и фотографии со највкусните „Винчини“ производи во рамките на новиот проект со кој организаторите „ги прогласуваат“ февруари и март за месеци на „Винчини“ во Охрид и Струга.

vincinimri4 vincinimri5 vincinimri6– Целиот проект се одвива под слоганот „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“, а за сите учесници имаме навистина фантастични награди –  1.000 Винчини тортички за првопласираниот, 500 за вториот и 300 највкусни тортички како трета награда. Уште и незаборавен викенд за двајца надвор од државата по избор на добитникот, секојдневни награди на Супер радио и неделни награди од нашиот нов официјален партнер OutletOn. Се` што треба учесниците да направат е да снимат фотографија или видео во кои задолжително треба да има некој Винчини производ купен во посебното Винчини катче во најблискиот Тамаро маркет. Од вработените ќе добиете налепница која треба да ја искористите во видеото или фотографијата, кои треба да ги испратите на Facebook страната на Тамаро маркетите. Бидете креативни и добивајте награди, порачуваат организаторите.

награденото видео на Емили со кое таа доби награда од OutletOn

Првата забава се одржа во „Тамаро 6“ маркетот (фабрика „Братство“), на улицата „7-ми ноември“, по што следуваше онаа во популарното Bistro Corner. Пред една недела Винчини караванот „пресели“ во Струга, каде повторно се доделуваа награди и се одржа супер забава. Вечерва се дружевме во охридскиот Lounge bar Mr I, а следната недела е закажана нова средба во „Тамаро 5“ маркетот на Булевар „Туристичка“.

tamarovincini18

извор: ОхридПрес фото: архива