akohrid

Охридски атлетичари учествуваа на Националното првенство во крос кантри

Охрид, 11. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Атлетскиот клуб „Охрид“ учествуваа на Националното екипно првенство во крос кантри, што вчера се одржа во Скопје.

Елена Лазароска и Емилија Лазароска учествуваа во категорија младинки 4000 метри и го освоија второто односно четвртото место.

Дејан Ангелоски во категоријата младинци 6000 метри заврши како третопласиран, додека Миле Јовановски – сениори 10 000 метри го освои 12-то место.

akohrid2

– Инаку за сите нас ова беше прво и многу важно искуство како дел од АК „Охрид“. Сите натпреварувачи ги надминаа сопствените можности и проектирани времиња и тренерот е бескрајно горд на нив, велат од клубот и се надеваат дека оттука ќе започне ново надополнување на и онака богатата историја на АК „Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АК „Охрид“