djjane

13 години Disco Heaven со DJ Jane на Супер радио

Охрид, 11. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Емисијата „Disco Heaven“ на Супер радио, креирана и водена од познатиот охридски Дј Јане Стефанов (DJ Jane), е вистински знак на препознавање на оваа радио станица, но и репер за сето она што е актуелно и квалитетно во денс музиката и културата денес во светот.

Оваа музичка емисија синоќа одбележа 13 години од постоењето. Disco Heaven се емитува секоја сабота од терминот 20:00 до 22:00 часот. Во специјалното роденденско издание, слушателите синоќа имаа можност да се дружат со посебно селектирани дј-ски сетови, кои ги приготви Dj Jane.

– Јубилеите се точка на која што може да ја видиме својата истрајност и визија во начинот на кој што сакаме да ги менуваме нештата. Мојата визија беше да Ви ја претставам клупската музика, клупската култура и се` она што е актуелно и поврзано со неа. Огромно благодарам до сите кои во изминативе 13 години на некаков начин биле дел од Disco Heaven и секако до најважниот дел од приказната – слушателите. Продолжуваме во ист ритам, порача Dj Jane на неговиот профил на Facebook.

Инаку, првото издание на Disco Heaven, емисијата за промовирање на клубската музика и култура се емитуваше во етерот на 8-ми март 2005 година. Емисијата е концепирана за промоција на сингловски, компилациски, албумски изданија, како новитети, потоа најслушана трака за тековната недела, специјалниот дел на guest mix, каде се пушта најнов микс на одредено звучно дј-ско име од светски рамки, дј-ски миксови, ремикси и инфо за случувањата на богатата клубска музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес