cedi-osman

Охриѓанецот Чеди Осман ќе паузира најмалку две недели поради повреда

Кливленд, 12. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кливленд Кавалирс се соочува со нови проблеми околу составувањето на тимот, откако во следниот период ќе биде без услугите и на Чеди Осман, младиот кошаркар кој е роден во Охрид и кој ќе биде надвор од терените најмалку две недели поради повреда.

Осман се здоби со повреда на левиот колк во третата четвртина од натпреварот против Лос Анџелес Клиперс. Од Кавалирси соопштија дека Осман веднаш ќе започне со процесот на рехабилитација, но сè уште нема датум кога повторно би бил на паркетот.

Чеди Осман во тимот на Кливленд Кавалирс пристигна минатата година, а во неговата деби сезона бележи просек од 3,6 поени и 1,9 скока. (Крај)

извор: гол.мк фото: архива