janevelkoski

Јане се запозна со „црвените ѓаволи“, вечер ќе навива на Олд Трафорд

Манчестер, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Малиот херој Јане Велковски кој најголема желба има еден ден да заигра фудбал, деновиве го живее еден од своите соништа. Велковски е во Манчестер каде вечерва ќе го следи дуелот од Лигата на шампионите меѓу Јунајтед и Севилја. 

Малиот Јане доби дрес од „црвените ѓаволи“ и се дружеше со Санчез, Фелаини, Матиќ и останатите. Вечерва, Јане треба да биде на „Олд Трафорд“ и во живо да го проследи дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Севилја, во осминафиналето од Лигата на шампионите.

jane velkoski 2

Малото 9-годишно момче боледува од мусклна спинална атрофија, а од пред неколку месеци стана дел од кампањата на УЕФА наречена „Equal Game”. По промовирање на кампањата на која Јане објаснува колку многу го сака фудбалот, тој стана пријател со Пол Погба, на чија и покана сега е во Манчестер. (Крај)

извор/фото: Спорт медиа