marihuana

Запленети над 4 килограма марихуана, лице од Велгошти во притвор

Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Ј.М. од селото Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.

– На 7-ми овој месец во селото Велгошти при извршен претрес во домот на пријавениот, од страна на полициски службеници биле пронајдени 4 килограми и 158 грама марихуана. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информриаат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива