kocoangusev

Анѓушев: Преговараме за автопатот Охрид-Кичево со „Синохидро“, но треба да одлучиме за помалото од две зла

Скопје, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот во Владата на Република Македонија Кочо Анѓушев открива дека се настанати сериозни проблеми во преговарите за доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

Според Анѓушев Република Македонија или треба да го раскине договорот со кинеската компанија „Синохидро“, за што треба да плати пенали, или да ја продолжи соработката и да издвои дополнителни пари. Неофицијално Кинезите за доиградба на делницата побарале дополнителни 145 милиони евра, сума која неколкупати беше спонемувана и од владините претсавници, јави 24vesti.com.mk.

– Во преговори сме со „Синохирдо“, но ситуацијата не е лесна и владата е ставена пред позиција да одлучи, помало од двете зла. Се бараат нови сретства над тие кои се потпишани во договорот, се бараат одредени услови кои некои фирми мислам дека ќе ги доведе во непријатна ситуација, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Во моментов владата преговара со кинеската компанија за продолжување на рокот за доизградба на автопатот за уште три години. Ако успее да се договори ќе се потпише анекс, по што ќе се пристапи во преговарање за дополнителната сума пари, за која исто така треба да има анекс договор.

Инаку проблемите на автопатот Кичево-Охрид биле тема и на синоќешната координација во Владата на која присуствувал и поранешниот управител на „Трансмет“ Сеад Кочан, потврдуваат од владата. На средбата со вицепремиерот Анѓушев присуствувале и преставници  од градежните компании „Гранит“, „Бетон“ како и „Илинден“, од кои дел се вклучени во изградбата на Кичево-Охрид.

– Во владата беа повикани сите изведувачи на инфраструктурни патни делници. „Трансмет“ беше поканета врз основа на наследени стари договори заради исполнување и проверка на обврските кои треба да се затворат. Присуството на преставниците на компаниите е нивна самостојна одлука, велат за телевизијата од Владата на Република Македонија.

Автопатот од Кичево до Охрид, со должина кој е со должина од 57 километри требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но со дополнителните средства што за доизградба ги бара кинеската компанија тој ќе чини над половина милијарда евра, или еден километар автопат државата ќе го плати 10 милиони евра. (Крај)

извор: 24vesti.com.mk фото: архива