ohridoblacno2

Метео: Умерено облачно со западен ветер и температура до 12. степени

Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде умерено облачно со умерен западен ветер, само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд.

Максималната температура до 12. степени.

– Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо, информираат УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес