zatvor

Помал пожар во охридскиот затвор

Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти овој месец, во 20:20 часот се случил помал пожар во Казнено поправната  установа „Затвор Охрид“.

– Вработен во затворот пријавил дека пожарот избувнал во една од собите во притворското одделение, каде 31-годишниот Л.М. од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива