jane i pogba

Јане се сретна со Погба и го покани да ја посети Македонија (Видео)

Манчестер, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Се исполни големата желба на Јане Велковски, тој синоќа се запозна со својот идол Пол Погба, а од приватната ложа на фудбалерот го следеше натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Севилја.

Деветгодишниот Јане, кој е дел од кампањата на УЕФА наречена „Equal Game”, деновиве заедно со неговите родители беше во Манчестер, каде се запозна со дел од тимот на „црврните ѓаволи“, а кулминацијата беше средбата и запознавањето со Погба.

Јане доби подароци од фудбалерите, но и тој му приреди изненадување на Погба, па по повод неговиот роденден му подари дресови од македонската репрезентација, од шампионот Вардар. Воедно, нашиот мал херој го покани Погба на гости во Македонија.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Гордана Лолеска