jovanstojanoski

Стојановски: Статутот на „Нискоградба“ е прилагоден на основните законски одредби

Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ – Охрид во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, предизвика дебата меѓу градските советници.

На денешната седница на дневен ред беше Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за измена на статутот на охридското јавно претпријатие.

Постапките се регулирани со Законот за јавни претпријатија. „Нискоградба“ има промена на Статутот кој Управниот одбор го врши и се укинува барањето од условите кои треба да ги исполнува директорот на јавното претпријатие, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Според него невозможно е Управниот одбор да интервенира и да врши своеволно измени во статутот.

KirilPecakovКоординаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, појасни дека се менуваат само општите одредби во Статутот во однос на квалификациите.

– Одлуката која е донесена 04.11 2013 година, прв член стои дека се менува челн 21 став 5 од Статутот и ќе гласи: за директор може да се именува лице кое покрај општите услови предвидено во закон треба да има и посебни услови – високо образование, стекнати 300 кредити спорет ЕКТС. Сега се менува таа одлука со тоа што тие 300 кредити ги враќаме на 240, рече Георгиевски.

KonstantinGeorgievskiВака изнесеното го потврди и градоначалникот Јован Стојаноски, кој кажа дека Статутот на ЈП „Нискоградба“ бил различен од оние на останатите јавни претпријатија и сега се прилагодува кон законските одредби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес