Инцидент во Собранието: Груевски го поли со вода Талат Џафери, седницата прекината

Скопје, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Никола Груевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со останатите пратеници на опозицијата, застана пред претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и ја оневозможи работата по денешната расправа.

Груевски го поли со вода Џафери, а откако спикерот под притисок на опозицијата повика да се одржи пауза, се случи и директна вербална конфронтација која лесно можеше да прерасне во физичка, што беше спречено од обезбедувањето на Собранието со што се спречи поголем инцидент.

По ова беше повторно побарана пауза во работата на Собранието со траење од 15 минути. (Крај)

извор: Собрание на РМ фото: screenshot