incidentsobranie

СДСМ и ДУИ го изгласаа Законот за употреба на јазиците, за ВМРО-ДПМНЕ е донесен неуставно (Фото/Видео)

Скопје, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Законот за употреба на јазиците по втор пат беше изгласан во Собранието со 64 гласа „За“ од пратениците на владеачката коалиција.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ законот е донесен неуставно.

На донесувањето на законот му претходеше инцидент, кој малку фалеше да излезе од контрола. Никола Груевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со останатите пратеници на опозицијата, застана пред претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и ја оневозможи работата по денешната расправа.

Потоа, Груевски го поли со вода Џафери, а откако спикерот под притисок на опозицијата повика да се одржи пауза, се случи и директна вербална конфронтација која лесно можеше да прерасне во физичка, што беше спречено од обезбедувањето на Собранието со што се спречи поголем инцидент.

По паузата повтоно беше тензично во Собранието, но законот и покрај притисоците беше донесен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: screenshot видео: НоваТв