marijankorner1

Шикалески: Детектирани се 520 лица кои инјектираат дрога на територија на Охрид и Струга

Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Епидемиолошките заразни болести не се само личен проблем на лицата кои се соочуваат со нив, туку тие се многу важна општествена тема, а превенцијата е најважниот фактор во борба со нив.

Невладината организација „Опција“ од Охрид е една од 16-те организации во Република Македoнија, единствена во Охрид која изминативе 13 години директно е вклучена во спроведување активности за превенција, грижа и поддршка на ХИВ позитивните, на лицата со хепатитис, сексуланите работници и зависници од наркотици.

– За „Опција“ да спроведува превентивни активности, потребните се средства, кои повеќе од една декада ги обезбедуваше преку проекти со финансиска поддршка на швајцарскиот „Глобален фонд“. По секнувањето на финансиската поддршка од Швајцарија, нужно беше овој товар да падне на нас како држава. По долги натегања тоа и се случи, истакна Марјан Шикалески, координатор на програмата за намалување штета од употреба од дрога од НВО „Опција“, кој беше гостин во денешното издание на „Радио Корнер“ на Супер радио со Александра Алексијевска.

Супер радио: Бевте многу упорни во предупредувањата и на јавноста и институциите во врска со важноста на она што го работите и за потребата сето тоа да продолжи и во иднина. Се изборивте и на крај ја добивте финансиската поддршка од Владата на Република Македонија.

Шикалески: Не беше воопшто лесно, тоа беше процес кој што трееше неколку години. Во текот на 2017 година згасна финансиката подршка од швајцарскиот „Глобален фонд“ по што на нас како држава остана одговорноста да ги превземеме овие програми и да продолжиме со спороведување на целиот превентивен механизам кој го спроведуваме на локално ниво во Охрид и Струга. За среќа оваа Влада најде разбирање и соодветен буџет за реализирање на нашите проекти.

Супер радио: Го кренавте гласот, имавте мирен протест кога лани, Владата ви го скрати буџетот за реализација на проектите. За среќа новата Влада имаше слух за ова прашање. Каква беше опасноста тоа да не се случеше?

Шикалески: Имавме мирен протест кој придонесе овие програми да не згаснат и превенцијата да остане главен фокус во борбата против заразните болести. Нашите колеги од Скопје несебично се залагаа тие да продолжат, имаа бројни конструктивни состаноци со Владата и со Министерството за здравство, бидејќи ние сме под нивна супервизија и сето тоа придонесе во нашево општество да се свати значајноста на превенцијата во борбата со заразните болести. Во однос на прашањето за прекинување на овие програми, можам да кажам дека опсаноста ќе беше огромна, затоа што веќе постојат такви искуства и примери. Конкретно во Романија и Грција, по заминувањето на „Глобалниот фонд“, односно прекинувањето на финансирање на вакви превентивни програми, Владите не го превзеде финасискиот товар во врска со овие програми, а со тоа за само една година стапката на зболени од ХИВ, хепатитис, туберколоза и други заразни заболувања енормно се зголеми.

Супер радио: На кој начин ја вршите превенцијата од ширење на заразни болести? Која е Вашата работа како организација?

Шикалески: Во моментов работиме со две целни групи. Едната група се интровенските корисници на дрога, тоа е програмата за намалување на штетите од употреба на дрога. Друга целна група ни се сексуланите работници. На оние кои ни се обраќаат во центарот во Охрид и во Струга им даваме најразлични видови на услуги, како на пример, на лицата кои инјектираат дрога им даваме стерилен прибор за инјктирање, даваме теренски, медицински, социјални, анонимни и бесплатни прегледи и тесирања, правни услуги итн. Имаме доста теренска работа, редовно имаме едукативни состаноци со целната група за подигнување на свеста, во однос на вирусните заболување.

marijankorner2Супер радио: Каква е моменталната состојба, има ли ХИВ позитивни во регионот Охрид и Струга?

Шикалески: Во Охрид во 2013 година е регистрирано само едно ХИВ позитивно лице. Во соработка со задравствените институции истото е спроведено на соодветна терапија.

Супер радио: Може ли да се каже дека ниската стапка на заболени е резултат и на Вашата работа изминативе 13 години?

Шикалески: Во соработка со соодветните здравствени установи можам да потврдам дека ХИВ, хепатитис, како и другите вирусни заболувања се ставени под контрола. Сето тоа е резултат и на нашата работа, но и работата на здравствените установи со кои имаме одлична соработка.

Супер радио: Во овие 13 години, колку што функционира НВО „Опција“ – Охрид, имате ли бројка колку луѓе до сега се обратиле кај Вас за помош?

Шикалески: Конкретно за лицата кои инјектираат дрога, тоа е програмата за намалување на штета од употреба на дрога, досега Здружението има детектирано 520 лица кои инјектираат дрога на територија на Охрид и Струга, но и од други градови. Меѓу нив има и стабилизирани лица кои се на метадонска терапија, но за жал некои од нив се починати. За програмата за сексуалните работници и поддршка на нивните семјества, досега имаме детектирано 270 лица.

Супер радио: Велите дека податоците на луѓето кои се обраќаат за помош во „Опција“ се доверливи. На кој начин ги штитите?

Шикалески: Податоците се доверливи и анонимни. Дури и ние кои работиме не ги знеме личните податоци на овие луѓе, бидејќи согласно Законот за заштита на личните податоци, тие се евидентираат со шифри составени од букви и бројки. Лицата кои со нив работат и имаат контакт со нив на дневна база не ги знаат нивните имиња, презимиња и други лични податоци.

Супер радио: Бидејќи работите и со зависниците од наркотици, можете ли да ни кажете какви се Вашите искуства, каков е трендот изминатава декада, бројката на зависници во Охрид-Струга, се намалува, зголемува или стагнира?

Шикалески: Во однос на бројката на зависниците, од нашето долгогодишно теренско искуство со лицата кои инјектираат дрога, можам да потврдам дека бројката се зголемува, а алармантно е и тоа што има и голем број на малолетни корисници на дрога, за кои се` уште немаа соодветен третман поради тоа што станува збор за малолетници (кои не можат да се стават на метадонска терапија), а ние како Организација не смееме да работиме со малолетни лица, иако сме детектирале малолетници, во соработка и координација со соодветна здравствена установа, сме ги препраќале кај нив.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес