mostzelbiurnat

Мостот на желбите утрово (Видео)

Охрид, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силното невреме, проследено со јужен ветер кој дуваше со брзина од над 90 км/час и брановите од над 1,2 метри го оштетија и урнаа голем дел од дрвениот Мост на желбите, кој населбата Канео во Охрид ја поврзува со центарот на градот и предизвика оштетувања на плажата Потпеш.

Мештаните на овој дел на градот апелираат до надлежните за поголемо испуштање на вода од езерото за да не дојде до поголеми штети.

Погледнете како утрово изгледа Мостот на желбите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива видео: Кочо Каневче