Jane

Постигнат е договор за набавка на лекот Спинраза, се оствари желбата на малиот Јане Велковски

Скопје, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Постигнат е договор со компанијата – производител за набавка на лекот „спинраза“ за третман на лицата со спинална мускулна атрофија во земјава.

Од невладината организација СТОП СМА информираат дека тимот на премиерот Зоран Заев, составен од министрите за здравство и финансии, Венко Филипче и Драган Тевдовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, постигнал договор лекот да дојде во Македонија.

zaevjane

Со оваа вест се оствари желбата на малиот херој Јане Велковски, кој посака по враќањето од Манчестер, потребниот лек да биде достапен и во нашата земја.

Деветгодишното момче со својата волја и пркоси на суровата реалност, а неговиот сон е да прооди и да стане фудбалер како Роналдо. Иако е врзан за количка, тоа не го спречува да игра фудбал во секоја прилика.

lek spinraza

Во периодот кој следи правните тимови на Владата и на производителот, согласно законите ќе го подготват договорот и истиот по официјално потпишување, ќе биде имплементиран.

Во Македонија има седум лица кои боледуват од спинална мускулна атрофија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива