frizer

Фестивал за фризура, мода и убавина во Охрид „Hair fair 2018“

Охрид, 20. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти и 26-ти март во Охрид ќе се одржи 12-тиот Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Аквалина“, а учество ќе земат познати фризерски имиња од Балканот и Европа.

– Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираат организаторите од Македонската фризерска асоцијација.

На нивниот профил на Facebook информираат дека првиот ден, на 25-ти март ќе се одржи натпреварувачкиот дел во рамките на кој ќе се одржат натпреварите во машко и женско потстрижување, пунџа на долга коса, невестинска фризура и фризура „Фантази“. Како посебна активност во рамките на првиот ден ќе следува шоу перформанс на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови. На 26-ти март ќе се претстават најдобрите фризери-стилисти од Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива