centarzasocijalniraboti

Во Охрид има 3.619 активни баратели на работа

Охрид, 20. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид во моментов се евидентирани вкупно 6.573 невработени лица од кои 3.619 се водат како активни баратели на работа, вели за Супер радио и OhridPress директорката на Центарот за вработување во Охрид, Маја Ташева Биткоска.

Периодов наназад е забележан пораст на невработеноста, како резултат на новопријавените лица по основ на Законот за материјално обезбедување.

Во насока на зголемување на вработеноста на населението, од Агенцијата за вработување излегоа со новитети во активните мерки. Со оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот се дава шанса на сите категории невработени лица, преку мерки за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите.

Во моментов се активни, а ќе бидат отворени до крајот на оваа година, обуките на работно место за познат работодавач, како и за побарувани занимања и занаети. Јавниот оглас за обука за напредни IT вештини ќе биде отворен до 30-ти април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива