pregledzabi-640x360

Д-р Ласовски: Охриѓани се` повеќе водат сметка за сопственото орално здравје

Охрид, 20. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – За разлика од порано, охриѓани се` повеќе водат сметка за оралното здравје, посебно младата популација, вели стоматологот д-р Беби Ласовски, од ПЗУ Д-р Ласовски по повод Светскиот ден на оралното здравје.

– Родителите покажуваат голем интерес за оралното здравје кај дечињата. Покрај редовниот преглед, воспоставена е практика да мора да се изврши стоматолошки преглед пред да тргнат на училиште. Застапено е и заливање на забите што им се врши редовно преку школите. Ние како матични стоматолози имаме обврска да правиме заштита на децата до 12 годишна возраст на вторите трајни молари, вели д-р Ласовски.

bebilasovskiОсвен заштитата, охриѓани ги следат трендовите во поглед на естетската стоматологија. Па и ние како стоматолози секако сме во чекор со новите трендови во однос на белење на заби, полирање, ставање циркони. За повозрасните се прави протетско надополнување со најнов тренд фул керамика. Сепак пресудна улога во ваквите зафати има материјалниот статус.

Што се однесува до заболувањата на забите, најзастапени и понатаму се кариесот и парадентопатијата. Трендот се намалува ама ги има уште, вели д-р Ласовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес