СВР Охрид: Во сообраќајката кај „Св. Еразмо“ се повредени три лица
Охрид, 29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Три лице се повредени во сообраќајната незгода што денеска во 08:30 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на манастирот „Св. Еразмо“.
– Во незгодата, со телесни повреди се здобиле 38-годишниот У.Б. од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и лицето И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и 37-годишната А.Б. од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. Повредените, возило на брза помош се пренесени во болница за укажување на лекарска помош истите задржани на натамошна опсервација. Незгодата се случила при разминување на двете возила кои по магистралниот пат доаѓале од спротивни правци. Притоа, дошло до меѓусебен судир при што излетале надвор од коловоз. По овластување од Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, полициски службеници извршија увид, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |