Избор Култура

Трето издание на фестивалот Feelmotion во Охрид

Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 6-ти април на Филмската академија во Охрид ќе се одржи третото издание на фестивалот Feelmotion.

Feelmotion е филмски фестивал и интернационална средба на филмаџии, кој е во организација на студентите на ФИОФА – Институт за филм, Филмска академија.

Официјалното отварање на фестивалот е вечерва во 19:00 часот, со филмот Rooftop Story на Газменд Нела, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

И годинава, освен студентски филмови, на програмата ќе биде и мастер клас на Bern Buder кој е член на Европската филмска академија, како и истакнатиот чешки продуцент Ivo Mathé. Посетителите и гостите ќе имаат можност да ја погледнат и изложбата Коста Дупчинов, а помеѓу проекциите ќе има организирани друштвени игри и филмски работилници.

На крајот на секој ден се организирани забави, на отварањето домаќините ќе ги забавуваат гостите со нивниот супер ФИОФА бенд кој е составен од студентите на ФИОФА, Mitrik [Room313] ќе има свој DJ сет на 3-ти април, а останатите денови се организирани забави во локалните култни охридски барови и дискотеки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука