petarcover

Петар Маркоски со обработка на „X (EQUIS)“ на Nickz Jam и J. Balvin (Видео)

Охрид, 3. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски музичар Петар Маркоски ја обработи песната „X (EQUIS)“ на Nickz Jam и J. Balvin.

– Со задоволство Ви ја презентирам мојата нова преработка на виолина, односно коверот на песната „X (EQUIS)“ на Nickz Jam и J. Balvin. Станува збор за песна која за месец дена достигна над 300 милиони гледања на YouTube, вели Петар.
Маркоски неодамна ја обработи и песната „Havana“ на Camila Cabello. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Петар Маркоски