Избор Свет

Идентификувана жената која го изврши нападот во централата на Youtube

Калифорнија, 4. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Американските власти ја идентификуваа жената осомничена за пукањето во централата на Youtube во Сан Бруно во Калифорнија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.

Станува збор за Насим Агдам (39), која живеела во градот Риверсајд, а потоа во Сан Диего.

Жената го познавала еден од ранетите во нападот. Станува збор за маж кој веројатно бил цел на нејзиниот напад. Тој е со прострелни рани и е во критична состојба во болница во Сан Франциско. Ранетиот е на возраст од 36 години.

Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија.

Жената била вооружена со пиштол и се самоубила. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука