Uncategorized

Мајами го порази тимот на Атланта и успеа да обезбеди плеј-оф (Видео)

Мајами, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тимот на Мајами Хит успеа да се пласира во плеј-оф разигрувањето за титулата во НБА лигата благодарение на тесната победа против тимот на Атланта Хокс со резултат од 101:98.

Мајами на минута и половина губеше со 4 поени разлика но успеа да се врати најпрвин со тројка на Тајлер Џонсон, а потоа и да поведе со 1 поени разлика. Најефикасен во редовите на Мајами беше Словенецот Горан Драѓиќ кој постигна 22 поени додека во редовите на поразената Атланта беше бекот Џон Колинс.

Сега „жешките“ од Мајами имаат биланс од 42 побед и 36 порази, а со овој биланс си обезбедија пласман во плеј-оф разигрувањето. За последното слободно место во Источната конференција кое води во плеј-оф разигрувањето ќе водат тесна битка тимовите на Милвоки и Детроит.

извор: Дерби.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука