veligdenskibazarvn1

Велигденски базар во ОУ „Ванчо Николески“

Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод велигденските празници, ОУ „Ванчо Николески“ организираше велигденски работилници на кои учениците заедно со родителите и наставниците изготвуваа велигденски украси.

– Украсите беа изложени и продавани на штандовите на Велигденскиот базар организиран во текот на вчерашниот ден во училиштето, а собраните средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Во рамки на Велигденскиот базар се одржа и избор за најдобро украсено велигденско јајце и беа обезбедени пригодни награди за најдобрите ученици, информираат од училиштето.

veligdenskibazarvn2Додаваат дека со дел од изработките, учениците на ова Основно училиште учествуваа и на Велигденскиот базар што го организираше Локалната самоуправа на плоштадот „Чинар“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива