Еден загинат и двајца повредени во вооружена пресметка на две групи од ДУИ во Мала Речица (Видео)

Тетово, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина, а две се повредени во вооружената пресметка помеѓу две групи, која се случи вечерва во тетовска Мала Речица, објави „Порталб“ повикувајќи се на неофицијални информации.

Порталот јави дека двете групи застанале една наспроти друга на улица и пукале едни кон други од два различни автомобили.

Неофицијално, порталот „Либертас“ објави дека се работи за пресметка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и од Куманово која се случила по средба во седиштето на партијата во Мала Речица. Наводно, двете групи се пресметале со автоматски пушки кај маркетот „Спара“ во близина на партиското седиште.

Порталот „Порталб“ објави и видео од местото на престрелката:

извор: Либертас/ПортАлб фото: архива