nikolastandup_640x360

Најновото стенд ап шоу на Никола Тодороски репризно во Џез Ин

Охрид, 6. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Реприза на новото стенд ап шоу на Никола Тодороски.

Најновото соло шоу на нашиот познат актер и стенд ап комичар насловено Artificial intelligence natural stupidity на задоволство на публиката, во недела, 8-ми април повторно во клубот Џез Ин.

За загревање на атмосферата и овојпат ќе се погрижи Зоран Донев.

Шоуто е со почеток во 21:00 часот. Вратите ќе бидат отворени од 20:30 часот. Билетите се продаваат во музичката продавница ЗЗ Топ по цена од 150 денари, а на денот на шоуто, ќе чинат 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива