nikola_i_strezo_640x360

Нова доза од кабаре шоуто TwoMothers Brothers

Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 14-ти април нова доза забава со кабаре шоуто 2Mothers Brothers.

Двајцата актери, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски ќе се претстават со нов материјал, но и најдобрите точки од претходните изданија. Ветуваат музика, сатира, пеење, смеење, импровизација. Шоуто ќе се одржи во клубот Џез Ин, со почеток во 21:00 часот.

Влезници по цена од 150 денари се продаваат во музичката продавница ЗиЗи Топ. На денот на шоуто ќе чинат 200 денари.

Шоуто не е за лица помлади од 16 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива