policija4

Судски полицаец нападнат во струшкиот суд

Струга, 11. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.М од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, на 20-ти минатиот месец во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник. Тој требало да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот.Притоа, пријавениот удирал и по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент со раце го турнал судскиот полициски службеник. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива