Sredba-vo-Viena

Писмо од Нимиц пред средбата Димитров-Коѕијас во Охрид

Скопје, 11. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Медијаторот Метју Нимиц им испратил писмо на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во кое ја опишува актуелната ситуација во преговорите за името, односно точките за кои има согласување и точките за кои има разлики, онака како што тој ги формулирал за време на разговорите во Виена. Дописот на министрите им е испратен во пресрет на нивната нова средба во Охрид, вечерва и утре.

Информацијата за писмото ја објавија весникот „Катимерини“, радиото „Атина984“ и информативниот портал „Њуз247“, повикувајќи се на свои извори.

Грчкото МНР, ниту ја потврдува ниту ја демантира веста во грчките медиуми дека Нимиц испратил допис до Димитров и Коѕијас, јави дописникот на МИА од Атина.Според одредени извори, последниот допис на Нимиц ги одразува кристализираните ставови на американскиот дипломат за прашањето, како што тие беа формулирани по последната негова повеќечасовна средба со министрите за надворешни работи на Грција и ПЈРМ во Виена (30-31 март). Истите извори споменуваат дека Нимиц стигнал до точките што треба да бидат параметри на решението“, пишува „Катимерини“.

– Според одредени извори, последниот допис на Нимиц ги одразува кристализираните ставови на американскиот дипломат за прашањето, како што тие беа формулирани по последната негова повеќечасовна средба со министрите за надворешни работи на Грција и ПЈРМ во Виена (30-31 март). Истите извори споменуваат дека Нимиц стигнал до точките што треба да бидат параметри на решението, пишува „Катимерини“.

Радио „Атина984“, пак, објави дека станува збор за претходно одредена и предвидена процедура на медијаторот.

– Двајцата министри се очекува да одговорат на прашалникот што им беше доставен од специјалниот медијатор и да го имаат пополнето до нивната следна заедничка средба, објави атинското радио.

Порталот „Њуз247“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека ова е трет ваков текст од медијаторот до двајцата министри и претставува „негова интервенција и придонес пред клучната средба во Охрид“.

– Според истите информации, дипломатскиот кабинет на Коѕијас контактираше со Нимиц и го изрази несогласувањето на Атина за некои делови од дописот, бидејќи министерот за надворешни работи сака да се постигне што е можно повеќе на преговорите во Охрид“, пишува порталот. (Крај)

извор: МИА фото: архива