dimitrovkocijasohrid2

Средба Димитров-Коѕијас во Охрид: Има напредок, но се` уште постојат разлики

Охрид, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Има напредок за дел од прашањата бидејќи се созреани, а за дел се` уште постојат разлики, изјави македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров по денешната средба во Охрид со грчкиот колега Никос Коѕијас.

dimitrovohrid

– Разговаравме без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот и нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди, потенцираше Димитров.

Тој истакна дека на оваа средба за првпат станало збор за временската рамка и за чекорите кои доколку се постигне решение како ќе изгледа и како ќе се имплементира.
– Додека разговаравме средба имаа работните групи составени од високи дипломати, кои врз основа на напредокот во Виена пред 10-на дена практично го усогласија текстот за идната соработка во различни области. Работеа на текст за спречување на иредентизмот од двете страни, како и на преамбуларните параграфи од идниот билатерален договор, подвеле Димитров.

Грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас истакна дека колку што повеќе се доближуваат ставовите и се решаваат проблемите, остануваат се` помалку за решавање. Но, додаде дека, „остануваат оние најтешките“.

kocijasohrid

– Ние забележуваме напредок, посебно оваа рамка на заедничка соработка и на тоа тешко прашање што се однесува на иредентизмот. Денес направивме позитивен чекор и се надеваме дека ќе успееме и најтешките проблеми да ги направиме полесни. Бевме соочени со такви. Се обидуваме да решаваме проблеми кои се однесуваат на минатото и се предизвикани од други. Но, таа е работата на дипломатијата, рече Коѕијас.

dimitrovkocijasohrid

И двајцата министри повторија дека процесот продолжува, а за деталите од работната средба ќе ги информираат премиерите Заев и Ципрас.

Ова беше трета официјална средба на двајцата министри за надворешни, по однос на прашањето за решавање на деценискиот спор со името. Тие најавија дека на почетокот на месец мај ќе се сретнат уште еднаш или два пати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес