kruzniguzva2

Несовесен возач удрил жена на кружен тек во Охрид

Охрид, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – 69-годишната Р.К. од Охрид, во текот на вчерашниот ден пријавила во СВР Охрид дека на 10-ти овој месец, околу 12:00 часот била удрена од возило на кружниот тек од улицата „7-ми Ноември“ и булеварот „Македонски Просветители“.

– Инцидентот се случил во момент додека Р.К. ја преминувала улица на пешачкиот премин. Таа била удрена од страна на непознат возач, кој управувал возило, по што таа паднала на коловозот. На 11-ти април Р.К. побарала лекарски преглед во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива