rabotilnicagrigor1

Работилница „Создаваме, креираме математички сликовници“ во ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа заедничка работилница на учениците од V-4 одделение со учителката Маре Ѓорѓиоска од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и V-1 oдделение со наставничката  Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин” – Охрид.

Тема на оваа проектна активност беше „Создаваме, креираме математички сликовници“, а со истата се оствари запознавање на учениците-врсници.

– На посебно уредено пано учениците оставаа свои автограми. Оваа работилница овозможи да се развие дружељубивост, здружување во групи, меѓусебно помагање и почитување, колаборативен однос на членовите во групите, поттикнување желба и интерес за креирање сликовници, унапредување вештини за користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин, учениците размислуваат и разговараат за идеи за наслов, име, илустрирање корици, текст, илустрации, пишуваат математички задачи и решаваат  задачи, при тоа се развивa иновативно, логичко мислење, информираат организаторите.

Додаваат дека секоја група ги презентирала математичките сликовници и ги споделила своите сознанија за теми што претходно сами ги одбрале.

– Секоја презентација беше проследена со спонтан аплауз. Ваквиот тип на работа ги поттикнува и мотивира учениците да имаат насочено внимание, постојана концентрација и се поттикнува логичкото и кретивно мислење. Работилницата започна и заврши со две музички точки осмислена кореографија од самите ученици под менторство на дветте наставнички. Со заедничките математички сликовници се направи изложба, додаваат наставничките Маре Ѓорѓиоска и Виолета Петковска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива