The Bulbs

Акустична свирка со „The Bulbs” во Central Irish Pub

Охрид, 14. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поп рок бендот „The Bulbs” вечерва ќе одржи акустична свирка во Central Irish Pub.

По кратка пауза, се враќаат на охридската музичка сцена и ја започнуваат сезоната настапи за оваа година.

Членови на бендот се: Дејан Спасиќ – вокал, Виктор Јолакоски – гитара и Мартин Милески – гитара.

Свирката е со почеток во 21:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива