fifa-1

ФИФА подготвува комплетна промена на Светското клупско првенство

Цирих, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – ФИФА ќе понуди обновена верзија на Светското клупско првенство, планирана да започне во 2021 година, да ги вклучува сите шампиони и финалисти во Лигата на шампионите, како и победниците од турнирот Лига Европа за последните четири сезони, вклучувајќи и за годината на одржување на турнирот.

Новото светско клупско првенство ќе се одржува еднаш на секои четири години, а не секоја година, ќе вклучува 31 натпревар и ќе генерира приходи од 650 милиони до 1 милијарда долари, според предлозите на ФИФА.

Покрај европските тимови ќе учествуваат четири или пет тима од Јужна Америка, еден од Океанија и по два од Азија, КОНКАКАФ и Африка. Тие ќе бидат поделени во осум групи од по три тима и победниците ќе се квалификуваат за фазата на елиминации.

Последните четири екипи кои ја освоиле Лигата на Шампионите ќе се квалификуваат директно за турнирот, заедно со финалистите во најпрестижниот фудбалски турнир и со победниците во Лига Европа за последните четири години.

Светското клубско првенство, исто така, ќе ги вклучува победниците на Копа Либертадорес во последните четири години. (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива