IkardiZampaoli

Икарди го пропушта Светското во Русија

Буенос Аирес, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Русија. Ова стана јасно од прелиминарниот список на играчи кои ги објави Аргентинецот Хорхе Сампаоли.

Стратегот избра група од 35 играчи, која подоцна ќе биде редуцирана, а останатите фудбалери ќе заминат за СП 2018.

Изненадувачки меѓу избраниците на Сампаоли се најде напаѓачот на Расинг Клуб – Аваланеда Лаутаро Мартинез, кој од новата сезона ќе го носи дресот на италијански Интер.

Икарди има 105 гола во 183 натпревари во Серија А, но и покрај тоа не успеа да влезе во составот на Аргентина.

25-годишниот Икарди има само четири натпревари за Аргентина. (Крај)

извор: Стандард фото: архива