rakometohrid

Охрид го пречекува Пролет во третото ракометно плеј оф коло

Охрид, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид попледне на домашен терен ја пречекуваат екипата на Пролет, во рамки на третото плеј – оф коло.

Со квалитетна игра, „гладијаторите“ ќе се потрудат да ги запишат и првите поени на своето конто. Во првите две кола „гладијаторите“ беа поразени од Вардар и Металург.

Што се однесува до досегашните средби со Пролет, охриѓани беа поразени во двата натпревари од регуларниот дел.

Од клубот ги повикуваат навивачите и љубителите на спортот да бидат во спортската сала и да бидат нивниот осми играч.

Првенствениот натпревар Охрид-Пролет ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот. Цената на влезниот билет е 30 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива