ZemjotresSteta

До крајот на април Владата ќе знае кога ќе ги обештети охриѓани од земјотресот

Охрид, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако силниот земјотрес од 5,1 степен според рихтер го удри Охрид уште минатото лето, Владата се` уште нема донесено одлука дали и во колкав процент ќе ги обештети охриѓани кои претпреа големи штети на нивните домови. Од владината прес служба информираат дека се` ќе биде познато до крајот на месецов.

– Републичката комисија за проценка на висина на штети од елементарни непогоди е формирана кон крајот на јануари годинава. Комисијата го добила и го разгледала барањето за обесштета на општинската комисија од Охрид. За одлуката Републичката комисија се очекува до крајот на овој месец да ја извести и Владата и Општината Охрид, изјави Миле Бошњаковски, Портпарол на Владата на Република Македонија.

Од Општинската комисија за проценка на штети во Охрид се оптимисти дека некакво обештетување ќе има.

– Стапив во контакт со претседателката односно таа ми се јави. Бараа уште една табела за категоризација на објектите односно колку е оштетувањето од прва, втора, трета и четврта категорија. Тоа е испратено и во најкратко време за недела-две ќе почне исплата, вели Раде Вељановски од општинска комисија за проценка на штети. (Крај)

извор: МИА фото: архива