Karatedrzavno

Одржан 50. Државен шампионат во традиционално карате

Скопје, 16. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во „Будо Карате Центарот Недеви“ во Скопје викендот се одржа 50. Државен шампионат на Македонија во традиционално карате (кати) за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.

Најдобри во сениорска/младинска конкуренција беа Огнен Тасевски и Мила Саздова, двајцата од Работнички.

Кај јуниорите, првите места ги освоија Александар Гроздановски од ЈСП и Јана Милевска од Работнички.Димитар Витанов од АБЦ-Струмица и Александра Стојановска од ШИ станаа шампиони во кадетска конкуренција.

На шампионатот на кој земаа учество 23 клубови со 168 натпреварувачи награди им беа доделени и на каратистите од најмладите категории. (Крај)

извор: Курир фото: архива